Топ фаворитите Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз успешно го минаа 2.коло на Австралија опен.
Ѓоковиќ исто како и првата рунда загуби еден сет, но успеа да го победи Жаим Фарија со 6-1, 6-7, 6-3 и 6-2. Ова беше 430-ти меч во сингл-конкуренција за Србинот на грен слем турнирите и го мина Роџер Федерер како тенисер со најмногу настапи. Во следното трето коло, Ѓоковиќ ќе се соочи со Томаш Махач од Чешка, кој утринава во пет сета го победи Рајли Опелка.
Третиот фаворит во Мелбурн, Карлос Алкараз му препушти само пет гема на својот ривал Јошихито Нишиока и го победи со 6-0, 6-1 и 6-4. Следен ривал на Шпанецот ќе биде Нуно Борхес, кој го изненади домашниот фавори Џордан Томсон во три сета.
На женскиот дел од грен слем турнирот, првата фаворитка Арина Сабаленка ја победи Џесика Бузас Манеиро во два сета со 6-3 и 7-5, но петтата носителка Кинвен Женг загуби од германската ветеранка Лаура Зигемунд со 7-6 и 6-3. Коко Гоф со 6-3 и 7-5 ја победи Џоди Бураж, а во следната рунда се пласираше уште една Американка и топ фаворитка, Џесика Пегула, која пак ја совлада Елиз Мертенс со 6-4 и 6-2. Наоми Осака во три сета ја елиминираше Каролина Мухова, а изненадување приреди Олга Даниловиќ, која пак триумфираше против Људмила Самсонова со убедливи 6-1 и 6-2.