Вести Македонија

Која е втората истрага за тајните служби во Македонија

Според информации на Телма, во октомври, во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција имало кривична пријава која била поднесена за активности на Агенцијата за разузнавање.

Државниот обвинител Љупчо Коцевски во вчерашното интервју на МТВ, во емисијата 360 степени, наведе дека две истраги се споени во една, а се однесуваат на активности на тајните служби во државата. Втората е по допрен глас, по обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски дека бил следен во 2020-тата година.

По проверките, двете истраги во ОЈОГОКК се споени во една, а надлежниот обвинител веќе побарал информации од Агенциите, рече Коцевски.

Според информации на Телма, во октомври во ОЈО ГОКК, поранешен вработен во АР поднесол кривична пријава против непознати сторители, вработени во Агенцијата за разузнавање за кои било наведено дека во јули 2022-та, на територија на Македонија незаконски вршеле активности на набљудување по што наодите биле документирани.

Агенцијата за разузнавање согласно законските одредби има задача да прибира информации и сознанија од странство, додека на територијата на РС Македонија, единствена законска надлежност за прибирање на информации како тајна служба има Агенцијата за национална безбедност. За активностите кои влегуваат во посебни истражни мерки, АНБ мора да има судска дозвола и да соработува со обвинителството и(или) јавната безбедност во МВР.

Миомир Серафиновиќ

МВР потврди дека две возила на Агенција за разузнавање се судриле сами со себе додека биле паркирани пред ресторан  

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе