Силното невреме проследено со снег и силен ветер ја погоди Црна Гора, предизвикувајќи значителни проблеми во Подгорица и приморските градови.
Невремето уриваше дрвја, а поради природната непогода делови од земјата се соочуваат со чести прекини на електричната енергија.
Градоначалникот на Подгорица, Саша Мујовиќ, информираше дека сите надлежни институции се на терен и работат на заштита на граѓаните и нивниот имот.
„Ги презедовме сите активности кои можат да придонесат за зачувување на граѓаните, нивното здравје и имот. Сите служби се подготвени за предизвиците кои ги носат временските непогоди,“ изјави Мујовиќ.
Ulcinj trenutno ❄️
📹 TV Teuta pic.twitter.com/6EIbFKvKrG
— Berane online (@beraneonline) January 12, 2025
Најголемо изненадување предизвика снегот што падна на црногорското приморје. Плажите, палмите и покривите во Улцињ, Стари Бар и Велики Пијешак се покриени со снежна покривка, што е ретка глетка за овој регион.