Вести Свет

Шведска се приклучува на операцијата за заштита на подводните кабли во Балтичкото Море

Шведска ќе учествува во операцијата на НАТО за заштита на подводните кабли во Балтичкото Море, објави шведскиот премиер Улф Кристерсон.

Новата членка на НАТО за таа намена во операцијата ќе вклучи три воени брода и еден надзорен авион.

НАТО ги засилува своите напори за заштита на инфраструктурата во Балтичкото Море откако неодамна беа оштетени неколку подводни кабли, што според сојузниците може да биде чин на саботажа.

Во операцијата ќе учествуваат вкупно десет бродови, пренесува „ДПА“.

Кристерсон се воздржа од изнесување конкретни обвинувања, но рече дека непријателските намери не можат да се исклучат со оглед на тоа што во Балтичкото Море се случуваат необични работи, што Шведска и соседните земји повеќе нема да ги толерираат.

Подводниот кабел за напојување што ги поврзува Финска и Естонија и неколку други комуникациски кабли беа оштетени во Финскиот залив кон крајот на декември.

Финските истражни органи се сомневаат дека нафтениот танкер „Игл С“, кој во моментов е запленет, намерно предизвикал штета, а надлежните истражуваат можна саботажа.

Европската унија смета дека танкерот припаѓа на руската „флота во сенка“ која ги заобиколува санкциите воведени поради руската инвазија на Украина.

Во средината на ноември беа оштетени уште два подводни кабли, едниот меѓу Финска и Германија, а другиот меѓу Шведска и Литванија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе