Вести Свет

Потврден состанокот меѓу Трамп и Путин, во тек се подготовки за средбата

По многубројните шпекулации пристигна потврда дека се започнати подготовките за средбата која цел свет ја чека.

„Подготовките се во тек“, рече советникот за национална безбедност на трамп, мајк Волц во интервју за „ABC News“, откако беше прашан кога би можело да се очекува одржување на состанокот.

Волц, исто така, рече дека телефонски разговор меѓу двајцата лидери би можел да се одржи во наредните денови.

На брифингот за новинарите претходно оваа недела, Доналд Трамп рече дека Владимир Путин „сака да се сретне“ и дека неговиот транзициски тим е во процес на организирање на средба како и дека во наредниот период треба да се утврди форматот на средбата.

„Претседателот Путин сака да се сретнеме. Тој дури и јавно го кажа тоа. И мораме да ставиме крај на таа војна, тоа е крвав хаос“, рече Трамп, мислејќи на тековната војна во Украина.

Претседателите Путин и Трамп одржаа самит во Хелсинки во јули 2018 година. Тие се сретнаа во најмалку четири други прилики на маргините на меѓународни собири и разговараа приватно повеќе од 16 пати.

Претседателот во заминување Џо Бајден одржа една средба со Путин, во јуни 2021 година во Женева.

Во соопштението од неделата, Белата куќа рече дека Вашингтон верува дека секој договор за Украина мора да обезбеди „безбедносни гаранции“ за да се спречи повторување на конфликтот.

Кит Келог, пратеникот на Трамп за Украина, претходно оваа недела рече дека Русија и САД мора да комуницираат за да се стави крај на конфликтот во Украина.

„Најголемата грешка што ја направи претседателот Бајден беше фактот што тој никогаш не разговараше со Путин“, рече Келог.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Целосно прекинат сообраќајот во двата правци на патниот правец Стенковец – Блаце а затворен и граничниот премин Блаце

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе