Вести Свет

Лавров и Фидан телефонски разговарале за Украина, Сирија, енергетската безбедност

Министрите за надворешни работи на Русија и Турција Сергеј Лавров и Хакан Фидан телефонски разговарале за Украина, Сирија и важноста од спречување на ризиците за енергетската безбедност, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Шефовите на дипломатијата за време на редовен, доверлив дијалог разменија мислења за меѓународни и регионални прашања, вклучително и за ситуацијата околу Украина, се вели во соопштението.

Посебно внимание било посветено на потребата да се спречат чекори насочени кон создавање ризици за обезбедување енергетска безбедност.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе