Вести Свет

Азербејџан се премислил: Србија сепак нема да биде исклучена од испораката со гас

Српскиот претседател Александар Вучиќ бил известен од властите во Азербејџан дека и покрај објективните пречки, испораката со гас за неговата земја нема да прекине.

Ова тој го соопшти во објава на својот профил на социјалната мрежа „Икс“.

„Нашите браќа и пријатели од Азербејџан тукушто ме информираа дека, без оглед на објективни проблеми предизвикани од виша сила, нема да има прекин на гасот за Србија. Бескрајна благодарност до Азербејџан и претседателот Илхам Алиев, кого со нетрпение го очекувам наскоро во Белград“, пишува Вучиќ во објавата на Икс.

Пред околу од 24 часа, српскиот претседател на прес-конференција рече дека Србија повеќе нема да може да смета на 1,7 милиони кубни метри гас од Азербејџан, колку што оваа земја ѝ испорачува на дневна основа.

Србија потпиша договор со Азербејџан за снабдување со природен гас во септември 2024 година, како дел од напорите за диверзификација на изворите на снабдување и намалување на зависноста од рускиот гас, на кој доминантно се потпира повеќе од четвртина век.

Азербејџан го затвори „вентилот со гас“ за Србија

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе