Вести Свет

Суданската армија ја врати контролата врз стратешки град од бунтовниците

Суданската армија и нејзините сојузници го презедоа стратешкиот град Вад Медани од бунтовничките Сили за брза поддршка (РСФ), соопштија денеска официјални лица.

Тоа е голем удар за озлогласената паравоена група која САД ја обвинија дека извршила геноцид во граѓанската војна во Судан, пренесува Бета.

Градот беше заземен од бунтовниците пред околу една година.

Вад Медани претходно беше безбедно засолниште за раселените семејства во првите месеци од војната.

Конфликтот во Судан почна во април 2023 година кога тензиите меѓу воените лидери и РСФ ескалираа во отворени борби во главниот град Картум и други градови низ земјата.

Во граѓанската војна загинаа повеќе од 28.000 луѓе, милиони се раселени и го зголеми нивото на глад.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе