Вести Свет

Протести во Словачка против проруската политика на Фицо

Илјадници Словаци излегоа на протести против проруската политика на премиерот Роберт Фицо, чија неодамнешна посета на Москва предизвика негативни реакции дома но и кај сојузниците.

Фицо се сретна со рускиот претседател Владимир Путин, потег што многумина го оценија како скандалозен, бидејќи тоа ја става земјата во позиција на сојузник на Путин.

Фицо објасни дека патувањето било реакција на украинската одлука да го прекине транзитот на руски гас за Европа, што според него ќе донесе огромна економска штета на Словачка.

– Русите отворено велат дека Украина не им е доволна и нè нарекуваат непријатели. Значи, ако падне Киев, ние ќе бидеме следни. Ретко кога изборот е толку јасен која страна да ја заземеме. Ако сакаме да им одговориме на нашите деца на прашањето што направивме кога се решаваше судбината на Словачка, Украина и Европа, не смееме да молчиме. Фицо со своето скандалозно патување во Москва ја прави Словачка сојузник на Путин во очите на светот, изјави пред присутните актерот Иван Тројан.

Од своето враќање на власт, Фицо ја прекина воената помош за Украина, ги критикуваше санкциите на ЕУ против Русија и се противи на влезот на Украина во НАТО алијансата.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Џек Смит : Победата на изборите го спаси Доналд Трамп од затвор

Дејан Дејан

Системот е-Даноци ќе се усовршува и оптимизира – платформата попладнево ќе биде во неколкучасовен прекин

Дејан Дејан

Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од мрежа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе