Вести Свет

(ФОТО) Екипите за помош при катастрофи се уште го расчистуваат теренот по земјотресот што го погоди Тибет

Во тек се напорите за расчистување на остатоците и евакуација на преживеаните по смртоносниот земјотрес што уби најмалку 126 луѓе во Тибет, југозападна Кина.

Силниот земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Дингри во градот Ксигазе во вторникот наутро, при што се оштетени 27.248 домови и погодени околу 61.500 луѓе, пренесува националната телевизија CCTV.

Шатори, јоргани, шпорети и други средства за помош се доставуваат до луѓето, а во тек се активностите за изградба на привремени станбени единици.

Според CCTV, војниците, другите спасувачи и социјалните работници прават напори да ги урнат оштетените куќи и да ги расчистат урнатините додека спасуваат материјали во сериозно погоденото село Гуронг.

Во Сенга, друго село во округот Дингри, исто така е во тек изградбата на монтажни куќи.

Се проценува дека 190 вакви куќи ќе бидат завршени во рок од два дена, соопшти CCTV.

Повеќе од 500 последователни потреси беа регистрирани по земјотресот во вторникот.

Погодена беше и соседната земја Непал.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ќе успее ли Жељасков да стане премиер – Радев денеска ќе му врачи мандат за формирање на влада

Дејан Дејан

Исклучена струја во шест региони во Украина – Русија претпладнево изведува масовни удари

Дејан Дејан

Германија ќе испрати 60 ракети за противвоздушна одбрана „Ирис-Т“ во Украина

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе