Од рано утрово во Риеса во германската покраина Саксонија почнаа да се собираат демонстранти кои имаат намера да протестираат против федералната конференција на крајнодесничарската Алтернатива за Германија (АФД) што ќе се одржува во овој германски град.
Со тапани и светло обоени алишта, демонстрантите ги блокираа улиците за да ги спречат луѓето да присуствуваат на конгресот.
Формирана во 2013 година, платформата на АФД првично се фокусираше на противењето на спасувачките пакети за членките на еврозоната, а во 2015 година против одлуката на тогашната канцеларка Ангела Меркел да дозволи голем број бегалци и други мигранти да бидат згрижени во земјата со што се постави како значајна политичка сила.
Изминатиот период поддршката за АфД дополнително порасна како резултат на незадоволството од трипартиската коалициска влада на канцеларот Олаф Шолц.
Партијата очекува во септември да ќе стане најголемата на три државни избори на териториите под контрола на поранешниот комунистички исток каде ужива најголема поддршка.