Вкупно 46 лица се приведени во акцијата против производителите на фалсификуван алкохол во Турција. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Али Јерликаја на својот профил на социјалната мрежа Х.
Во акцијата биле запленети над 50.000 литри лажен алкохол, а откриени биле четири диви работилници за производство на фалсификувани алкохолни пијалоци.
Употребата на фалсификуван алкохол е исклучително сериозен социјален проблем во Турција, каде што алкохолот е скап поради високите акцизи. Секоја година десетици граѓани умираат од труење со фалсификувани алкохолни пијалоци.
Минатата година само во Истанбул од консумирање вакви пијалоци починале околу 40 лица.