Деветнаесет лица загинаа, во престрелка меѓу безбедносните сили и вооружени лица кои ја нападнаа претседателската палата во главниот град на Чад, Нџамена, соопшти владата, цитирана од агенцијата Франс прес.
Претходно беше пријавено пукање во близина на претседателската палата во центарот на главниот град Нџамена. Властите соопштија дека непознати лица ја нападнале палатата, но додале дека нападот бил брзо одбиен.
Областа околу Претседателството е опколена, а на улиците се распоредени тенкови и полициски сили. Жителите на главниот град, исто така, се упатија таму за да се приклучат на митингот за поддршка на претседателот на Чад, Идрис Деби Итно.