Вработените во државното правобранителство од утре стапуваат во штрајк се додека не ги добијат бараните 30 отсто додаток на плата. Со оглед дека постaпките за експропријација се водат во правобрaнителството, оечкувањата на синдикaтот се дека брзо ќе се постигне догoвор за да се избегне застој во рабoтата на проектите под палка на Бехтел и Енка.
Од УПОЗ за Телма соопштија дека следниот вторник, односно на 14 јануари, почнуваат со протести во најмалку четири министерства со истото барање. Досега потврдено дека протести ќе има во министерството за економија и труд, за правда, за администрација и за животна средина.
Протестите ќе траат по половина час, од 11.30 часот до пладне а вработените ќе протестираат пред зградите на нивните министерства. Одлуката за штрајк и за протести на вработените во повеќе државни институции и министерства доаѓа откако финансии не им одобри 30 отсто додаток на плата, односно не даде зелено светло за нивните колективни договори без кои тие не можат да го добијат додаток.
Од УПОЗ се на ставот дека вработените во овие министерства се дискриминирани во однос на нивните колеги од Службата за општи заеднички работи на Влада, Генералниот секретаријат, дел од здравство, образование и финансии кои ги добија 30те отсто. Дел од вработените во министерството за здравство реагираат дека тие немаат зголемување на приходите по било кој основ изминатите години, ниту имаат потпишано Колективен договор.
Имено, во областа здравство потпишан е Анекс на Колективен договор помеѓу Владата и Синдикатот, кој се однесува за вработените во установите/институциите во здравството, кој не ги опфаќа вработените во Министерството за здравство.
„Продолжуваме да ги користиме сите институционални механизми за корегирање на ова долгогодишно нереализирано барање на вработените во министерството за здравство кое за жал не беше реализирано изнинатите години, а посебно со оглед дека платите на сите сродни здравствени институции се значително повисоки од платите на вработените во Министерството за здравство“, се наведува во реакцијта до Телма тв.
Вработените во државното правобранителство од утре стапуваат во штрајк
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.