Кошарка Спорт

Денвер му се одмазди на Сан Антонио за синоќешниот пораз: Јокиќ броеше до 46 поени

Денвер го победи Сан Антонио на гостински паркет со 111-122 по едно продолжение во рамки на НБА-лигата. Синоќа Спарс славеа на гостувањето кај Нагетс, но овој пат Никола Јокиќ не дозволи ново изненадување. Српскиот центар имаше 46 поени и 10 скока, а му недостигаше уште една асистенција за трипл-дабл. Виктор Вембањама на спротивната страна имаше 20 поени со 23 скока.

Ентони Едвардс постигна рекордни во кариерата 53 поени, но Минесота загуби на гостувањето кај Детроит со 119-105. Кејд Канингем во редовите на Пистонс имаше 40 поени.

Чикаго го победи Њујорк со 139-126 и покрај фантастичната партија на Карл Ентони Таунс за Никс со 44 поени и 16 скока. Каваи Ленард се врати на паркетот за прв пат сезонава и постигна 12 поени во победата на Лос Анџелес клиперс против Атланта од 131-105.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Голден Стејт – Мемфис 121-113
Милвоки – Портланд 102-105
Мајами – Јута 100-136
Индијана – Феникс 126-108
Бруклин – Филаделфија 94-123

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе