Вести Македонија Најважни

Годината почна весело, за некои заврши со слободен пад

Годината почна весело. Али Ахмети славеше роденден во кабинетот на првиот меѓу еднаквите.

Продолжи роденденски, со славење и на роденденот на таткото на неговиот внук, Дрин Ахмети. Огнометот изостана, откако само неколку дена претходно, полицијата му ја заплени пиротехниката на Дрин, купена за внуците за Нова година.

Али се распеа и по изборот на техничката влада, а наскоро дознавме и дека нема смартфон, па Груевски нема каде да му се јави.

Паричката се падна кај комбето, а луѓето го засакаа и снегот, eдинственото нешто што доаѓа од планина и не станува директор.

Некои, пак, и не мора да станат директори за да им се посреќи-службеничка од Пошта доби бизнис од Електрани вреден 7 милиони евра.

Во М-Нав се прелеа чашата, а летна и по некоја тупаница.

Откако  стана технички премиер, дознавме дека Џафери има коефициент на интелигенција можеби повисок и од Ајнштајн. На кафе и на плоштад одеше со мерцедес, но Марсовец, сепак, не стана.

Сликањето за пасош се издигна на степен од највисоко државно значење.

Обрасците за пасоши свечено беа пречекани на граница, а станаа инспирација и за Први април.

Народот си допиша и нова ставка за вадење пасош -северџански прочини.

Тие со возачки со Северна станаа новите идоли.

На тие, пак,  што сакаа преку Бугарија да стигнат во Европа, интервјуа им правеше чистачката.

А и Бени Шаќири конечно доби функција.

Не изостана бакнувањето рака на политичарите, а почна и тргувањето со лајкови на социјалните мрежи. Фанови се набавуваа дури и од Азија.Предничеше Села со 800 фанови од Виетнам.

Меѓу кандидатите имаше и еден Господин кој вети и фикс цена на пивото-50 денари.

Се собираа донации за Бујар кој рече дека живее од плата.

Интервјуата на Мицкоски будно се следеа и од Будимпешта.

Стево се разигра, но ништо не помогна  -играта заврши.

Раперот стана претседател на Собрание.

Идризово пак стана хотел промаја.

Затвореник беше предложен за директор на затвор.

Криминалците успеаја да ограбат и полицајка.Професионален војник, ,пак, дилаше телефони на криминалци.

Неписменоста продолжи и во огласите каде се бараа психологинки и педагогинки.

Ставањето на црна листа не му го расипа расположението на Стевчо Јакимовски, кој  му порача на Бајден да си го гледа проблематичниот син.

Приоритет добија само пациенти кои крварат и не дишат. Сите останати мораа уредно да си чекаат ред.

Пациент од болница се јави во Брза помош.

Македонскиот конзулат во Виена си доби нова машина за перење.

Заев од илегала доби титула-најглупав политичар, а влезе и во мемоарите на Меркел.

Србите ни беа љубоморни.

Мицкоски седеше во бизнис класа затоа што го болеа колената.

Некој се збуни.

Стојанче стана маж на годината.

Владата воведе нови авионски линии до Дубаи. И додека сиромашниот народец се прашуваше, кој побогу лета толку често за Дубаи, одговорот стигна самиот.

Братот на Версаче излезе од затвор и беше на слобода цели три минути.

Арачиновци го подновија оџата со мерцедес за Бајрам.

Филипче беше и остана идол на жените.

Орлите повторно се обидуваа да полетаат.

Нашиот народ, пак, од искуство знае дека, тие што летаат највисоко, најниско паѓаат.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Потрошена последната тронка надеж и доверба – порачаа родителите на загинатите на протестот во Кочани

Дејан Дејан

Зеленски: Русите се подготвуваат да ја продолжат војната, игнорирајќи ги сите мировни предлози

Дејан Дејан

(Видео)Овие институции одново ги убија нашите деца – порачаа родителите на загинатите во пожарот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе