Вести Македонија Најважни

Одземен пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски на барање на обвинителството, во истрага на финансиската полиција за злоупотреба на службената положба

Во полиција не бил задржан, но затоа со надлежен обвинител попладнево пристигнале во Кривичниот суд. Откако судија на претходна постапка го сослушал поранешниот директор на ТИРЗ зоните го прифатил предлогот на обвинителот за одземање на патната исправа во наредните 30 дена.

Основното јавно обвинителство има поднесено мерки за претпазливост до кривичниот суд во Скопје против Ј.Д. Денеска попладне обвинителот како и осомничениот Ј.Д. самите пристигнале во судот кај судија на претходна постапка. Се произнеле и осомничениот, и обвинителот по однос на предлогот и судија на претходна постапка го прифатил предлогот за мерка одземање на патна исправа и повремено јавување во судот, информираат од судот за Телма.

Откако одекна во јавноста дека Деспотовски е лишен од слобода тој час поскоро се огласи во медиумите и порача дека стои на располагање и на институциите, а веста за приведувањето е намерна или ненамерна грешка.

Мојата достапност и за институциите и за медиумите досега е потврдена во пракса и ќе остане така и во иднина. Навистина очекувам медиумите да ја проверат точноста на информациите пред нивно објавување, со цел да избегнат понатамошно ширење на дезинформации, вели Деспотовски.

Засега официјално е дека за Деспотовски има истрага во финансиската полиција, а тоа го потврди и обвинителството кое отворило предмет за евентуално злоупотреби на службената положба од страна на Деспотовски додека директорувал со ТИРЗ зоните.

Основното јавно обвинителство Скопје против наведеното лице води претходна постапка поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за одземање на патна исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост, информираат од Ј.О.

Додека истражителите оскудно ја објаснија истрагата за Деспотовски, неофицијалните информации кои се плетат во јавноста се дека пријавените злоупотреби за Деспотовски се во насока на финансиски недоследности поврзани со приватна компанија која изведувала работи во две економски зони.

Деспотовски, летоска влезе и во трка за претседател на сега опозициската СДСМ и загуби од актуелниот претседател Венко Филипче.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ќе добие безбедносна зона од 1,5 хектар, со воздушна граница од 100 метри во вис и забрана за протести- ќе предизвика и финансиски трошоци за откуп на земјиштето планирано за приватен паркинг

Дејан Дејан

Универзитетски професор со втор министерски обид и поранешен новинар и маркетинг агент- Собранието ги објави биографиите на предлозите за нов министер и заменик министер

Дејан Дејан

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски – низок изборен праг може да донесе фрагментирано собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе