Вести Временска прогноза

Претежно облачно и студено со повремен снег – Временска прогноза за 26.12.2024

Променливо облачно и студено со повремен снег, претежно во планинските региони и особено во северозападните и северните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.

Во Скопје, облачно и студено со слаб повремен дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -4 до 2°C, а максималната од 1 до 7°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-5 Попова Шапка, -4 Маврови Анови, Крушево, -1 Претор, Виница, 0 Тетово, Штип, Куманово, Охрид, Битола, Прилеп, Берово, Крива Паланка, 1 Демир Капија, Скопје-Петровец, Струмица, 4 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

12 Крива Паланка, 11 Демир Капија, 10 Виница, 8 Крушево, 7 Битола, Прилеп, 5 Струмица, Берово, Штип, 1 Скопје – Петровец, Претор, Куманово, Тетово.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

54 Маврови Анови, 43 Попова Шапка, 15 Тетово, Крушево, 10 Гостивар.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 8.0, Преспанско Езеро 5.5, Дојранско Езеро 6.8.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе