Демократската унија за интеграција остро го осудува систематскато заробување на институциите на правдата од оваа влада и конформизмот на одредени судии и обвинители кои се ставиле во служба на политиката.
- Овој загрижувачки тренд го поткопува владеењето на правото и ја уништува довербата на граѓаните во институциите кои треба да гарантираат правда за сите, велат од ДУИ.
Вчерашната одлука на Обвинителството за ослободување на оние кои беа прогласени за виновни за обидот за државен удар на 27 април, со цел да се спречи изборот на првиот претседател Албанец на Собранието, со јавно признание од самите обвинители дека таму постои селективна правда, под политички притисок, и сето тоа направено на празничен ден со надеж дека нема да биде забележано од меѓународната заедница, е јасен одраз на оваа заробување.
Од ДУИ го прашуваат премиерот Мицкоски: Што се случи со „плоштадот Тендербег,“ како што го нарекувавте плоштадот Скендербег, за кој некогаш го обвинувавте Изет Меџити?
Што се случи со истрагата за 30-те згради што беа изградени како „архитектонски Титаник,“ но кои беа антиидатирани, наводно изградени во 2011 година, кога беше во сила законот за легализација?