Променливо облачно и студено со повремени локални врнежи од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.
Во Скопје, облачно и студено со слаб дожд, а во повисоките делови од котлината со слаб снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 2°C, а максималната од 0 до 6°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-5 Попова Шапка, -2 Маврови Анови, -1 Тетово, Крушево, 0 Охрид, Претор, Битола, Прилеп, Берово, Дебар, 1 Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, 2 Скопје-Петровец, Куманово, Велес, 3 Штип, Виница, Кавадарци, 4 Демир Капија, Струмица, 5 Гевгелија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
26 Гевгелија, 24 Охрид, Крушево, 23 Пожаране, 22 Тетово, 21 Пожар-Радовиш, 19 Маврови Анови, 17 Претор, 16 Демир Капија, 15 Скопје-Петровец, 14 Дебар, 13 Струмица, Прилеп, 12 Куманово, Попова Шапка, 10 Крива Паланка, Берово, 8 Битола, Виница, Велес, 6 Тополчани, 5 Кавадарци, 4 Штип, 2 Скопје-Зајчев Рид.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
58 Попова Шапка, 55 Маврови Анови, 15 Тетово, Крушево, 10 Гостивар.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 8.0, Преспанско Езеро 5.5, Дојранско Езеро 6.8.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/