Вести Свет Топ вести

Клинтон отпуштен од болница

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон е отпуштен од болница во Вашингтон по лекување од грип, изјави денеска заменик шефот на неговиот кабинет.

Клинтон и неговото семејство „се длабоко благодарни за исклучителната грижа што ја пружи тимот на Универзитетската болница „Медстар Џорџтаун“ и се трогнати од љубезните пораки и добрите желби што ги доби“, објави Ангел Урења на платформата Икс.

Демократот Клинтон беше 42-ри претседател на САД од 1993 до 2001 година.

Вториот претседателски мандат беше во сенка на сексуалниот скандал со Моника Левински, за кој Клинтон се соочи со постапка за импичмент. Тој на крајот беше ослободен во Сенатот.

Неговата сопруга Хилари Клинтон, која беше сенаторка и државна секретарка, се кандидираше за претседателка во 2016 година, но загуби од републиканецот Доналд Трамп.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе