Вести Свет Топ вести

Вајдел со најголеми шанси за канцеларка – анкети во Германија

Резултатите од најновата анкета на ИНСА изработена за весникот Билд покажуваат дека лидерката на десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД), Алис Вајдел има најголема поддршка од граѓаните.

Анкетата покажува дека 24 проценти од Германците изјавиле дека би гласале Вајдел да биде нова федерална канцеларка.

Вајдел има четири отсто предност пред Фридрих Мерц од Христијанско-демократската унија (ЦДУ).

Во западниот дел на Германија, Вајдел и Мерц имаат поддршка од 22 проценти, додека во источниот дел на земјата лидерката на АфД има рејтинг од 36, а лидерот на ЦДУ – 16 отсто.

Анкетата покажува дека канцеларот во заминување и лидер на Социјалдемократската партија на Германија (СПД), Олаф Шолц има поддршка од 15 проценти од гласачите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе