Вести Свет Топ вести

Не сака да бара замена за рускиот гас – Зеленски за посетата на Фицо на Москва

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека словачкиот премиер Роберт Фицо, со посетата на Москва, покажал оти не сака да учествува во заедничките европски напори за постигнување енергетска независност од Русија, но и дека не сака да бара замена за рускиот гас.

Зеленски на платформата Икс напиша дека Фицо „сака да ѝ помогне на Русија во потиснување на американскиот гас и енергетските ресурси на другите партнери од Европа“, што значи дека, како што наведе, сака „да му помогне на Путин да заработи пари за финансирање на војната и слабеење на Европа“.

„Ние губиме луѓе како резултат на војната што ја започна Путин и сметаме дека таквата помош за Путин е неморална“, наведе Зеленски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе