Вести Македонија Најважни

Над илјада евра се потребни за да се истурка месецот – синдикатите со пресметка за декември

Зголемени трошоци и „поплиток“ џеб за празниците. Пресметките на синдикатите покажаа дека минималната синдикална кошница за декември е повисока за над осумстотини денари отколку во ноември.

Над илјада евра потребни за да се истурка месецот, а за семејствата со кирија трошоците се многу повисоки.

Најголемиот дел од семејниот буџет се троши за храна и пијалоци, таму оди речиси една минимална плата. Раст има и кај облеката и кај угостителските услуги.

Во моментов на сила е новогодишната кошничка за која од Владата секојдневно бројат колку производи влегуваат во неа, но пред да се донесе беше забележано дека одредени производи поскапеа, а тоа го констатираа и од синдикатот.

Загрижува тоа што трговците повторно го искористија периодот пред стапување на сила на последната акција и евидентно ги зголемија цените. Синдикалната минимална кошница за храна и пијалоци за 63 основни производи кои се дел од истата за декември изнесува 23.075 денари и тоа е зголемување за дополнителни 397 денари, наместо да биде намалено за најмалку 10 отсто, се вели во дел од соопштението на Сојузот на синдикати на Македонија.

Овојпат новогодишната кошничка е поразлична бидејќи нема замрзнување и ограничување на цени, туку станува збор за предновогодишни акции за одредени производи за кои трговците дале ветување пред Владата дека ќе ги поевтинат.

Не станува збор за владина одлука туку за даден збор.

Во меѓувреме, казни нема, а граѓаните треба да бидат во улога на инспектори.

Пред неколку дена Државниот завод за статистика измери повисока инфлација која во однос на лани изнесува 4,3%.

Со претходната кошничка надлежните тврдеа дека домаќинствата заштедија, но граѓаните во анкетите тврдеа дека поевтинувањето е незначително, а кај некои производи во есенската кошничка воопшто го немало.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе