Вести Економија Најважни

Банките сѐ уште не знаат како ќе се дели унгарскиот кредит, а од бизнисот кој се може да аплицира

Банките се уште ги немаат добиено договорите, фирмите критериумите. Банкарите чекаат да стават потпис на документот во кои ќе бидат наведени условите за да можат да почнат да ги пласираат унгарските пари во стопанството. Премиерот Мицкоски вчера кажа дека по празниците очекува дел од средствата да завршат кај компаниите. Но, од  банкарскиот сектор посочуваат дека процесот воопшто не е едноставен, а во јануари има и доста неработни денови.

Делува многу едноставно, се знае од прилика кои компании ќе бидат апликативни, но сепак има многу детали и треба точно да се прецизира да нема во самиот процес забуни понатаму. Јануари има многу неработни денови, јас сепак би оставила за февруари, но дај боже сите ќе работиме на тоа да биде и во јануари, вели Нина Неданоска, заменик претседател на УО на Шпаркасе банка.

И бизнисот се  уште без  јасни насоки, ги чекаат критериумите за да видат кој се може да аплицира.

Сѐ уште немаме кристално чисти и јасни параметри, барем јас не сум видел. Основните ги знаеме и тоа е добро за бизнисот бидејќи наназад имавме тешки години, вели Горан Ѓорѓиевски од Сојуз на стопански комори. 

До сега се знаеше дека кредитната линија ќе биде наменета за финансирање на дејноста производство, за инвестиции во опрема, машини, погони, фабрики. Но, премиерот  Мицкоски вчера на поставувањето  камен темелник на трговски центар во Гевгелија соопшти дека ќе може да се користат и за такви инвестиции. Од коморите  сметаат дека е најдобро да се помогне производството.

Повеќе бараме да се насочи кон производството но и другите дејности  кои имаат добри проекти, вели Менди Ќура од северозападна комора 

За овие пари се одлучи фирмите да плаќаат само таканаречена камата од 1,95 отсто односно надоместокот за кредитниот ризик на банките. Онаа од 3, 25 проценти која долго време се споменуваше повеќе не важи. Таа ќе се враќа од буџетот. Па од тука се отвори дилемата дали граѓаните треба да помагаат приватни бизниси.

Во оваа земја реално ќе се почувствува  бенефитот на реалниот граѓанин и реалниот сектор само со 5 отсто раст, е 5 отсто раст без сите чинители да помогнеме не знам дали имало, вели универзитетскиот професот Синиша Наумовски

Парите до сега се очекуваше фирмите да ги добијат. За нив од Унгарија се позајмија 250 милиони евра.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе