Притворен е докторот кој влета со автомобил на божиќен базар во Магдебург и усмрти пет лица. Осомничениот бил изведен пред судија вчера во вечерните часови. На осомничениот му е одредена мерка притвор за убиство, обид за убиство и опасна телесна повреда.
Германските власти уште минатата година биле предупредени за осомничениот од Саудиска Арабија. Вчерашната посета на Олаф Шолц и други политичари на местото на трагедијата резултираше со сериозни критики. Јавноста огочена, ова го осуди и го критикуваше како безбедносен пропуст со извици и исвиркување. Експерт за контратероризам ја обвини германската безбедносна заштита веднаш по овој напад.
„Сè уште се поставува прашањето дали имаше предупредување за овој настан , дали овој екстремист сега планира терористички напад во Германија? Многу е јасно дека различните слоеви на безбедносните заштити во Германија имата некои дупки како парче од швајцарско сирење, овие дупки придонесуваат за да се овозможи овој многу ужасен напад. Имавме предупредување од Саудиска Арабија но и предупредувања од луѓе во Германија кои го знаат велејќи дека ќовекот станува многу чуден. И на крај, се разбира има неуспеси и пропусти на самиот божиќен пазар во Магдебург – вели Д-р Ханс-Јакоб Шиндлер, виш директор на Проектот за борба против тероризмот.
Педесет годишниот доктор од Саудиска Арабија живеел 18 години во Германија и дејствувал сам кога влегол во толпата. Идентификуван е како Талеб ал-Абдулмохсен. Тој бил специјалист по психијатрија и психотерапија. Од своите родители бил воспитан како муслиман, но станал атеист. Активно ја користел социјалната мрежа Х каде имал околу 47 илјади следбеници.Објавувал анти исламистички теми, ја критикувал религијата, и ги подржувал муслиманите кои ја напуштиле верата. Тој водел веб страница каде им помагал на поранешни муслимани да избегаат од својата татковина.
Вчера во текот на ноќта се одржа десничарски протест за нападот. Истовремено Магдебург ја одбележа трагедијата во градската катедрала со комеморација во знак на сеќавање на убиените.
Марија Коцева