Вести Временска прогноза

Преодна стабилизација – Временска прогноза за 22.12.2024

Утрото студено, преку ден сончево со мала до умерена локална облачност. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец.

Во Скопје, утрото ведро и студено, преку денот претежно сончево и тивко. Кон крајот на денот и во текот на ноќта облачно.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -6 до 2°C, а максималната од 3 до 9°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-6 Попова Шапка, -3 Лазарополе, -1 Маврови Анови, Крушево, 2 Тетово, Охрид, Претор, Прилеп, Дебар, 3 Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Крива Паланка, Битола, Штип, Демир Капија, Виница, Берово, Куманово, Велес, Кавадарци, 4 Струмица, 6 Гевгелија.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

28 Пожаране, 24 Маврови Анови, 19 Дебар, Гевгелија, 18 Тетово, 16 Велес, 15 Охрид, 14 Лазарополе, Попова Шапка, 12 Струмица, Крушево, 11 Скопје-Петровец, Демир Капија, Кавадарци, 10 Претор, Прилеп, 9 Ѓуриште, 8 Штип, Куманово, 5 Скопје-Зајчев Рид, Тополчани, 4 Битола, Виница, Пожар-Радовиш, 3 Крива Паланка, 1 Берово.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

34 Попова Шапка, 29 Маврови Анови, 7 Ѓуриште.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 8.2, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 9.0.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонија добива републичка пожарна со пренаменети армиски и полициски возила

Дејан Дејан

Продолжува потрагата по исчезнатите во Тексас – најмалку 51 загинат, меѓу нив 15 деца

Дејан Дејан

ЦУК: Три активни пожари на територијата на Македонија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе