Вести Свет Топ вести

Најмалку пет лица загинаа вклучувајќи и дете во вчерашниот напад  на божиќниот пазар во Магдебург

Најмалку пет лица загинаа вклучувајќи и дете во вчерашниот напад  на божиќниот пазар во Магдебург, Германија. Според градските власти повредени се околу 200 лица. Лицето кое влета со автомобил на саемот во толпа луѓе е приведено. Гувернерот на покраината истакна дека осомничениот е доктор од Саудиска Арабија, и живее во Германија од 2006 -тата година.

„Го фативме сторителот. Тој е лекар од Саудиска Арабија, кој работи овде во Саксонија-Анхалт и е во Германија од 2006 година. Во моментов сме во процес на собирање на сите дополнителни податоци и исто така го спроведуваме сослушувањето. работите стојат во моментов, тоа е осамен сторител, така што во моментов нема понатамошна опасност за градот бидејќи успеавме да го уапсиме и сега се водат сите истраги“- изјави Рајнер Хаселоф, гувернер на Саксонија-Анхалт.

Сведок на немилиот настан бил и политичарот од екстремно десничарската партија Алтернатива на Германија. Во шок, истакна дека никој не помислил дека токму таму ке се случи ваков немил настан.

„Шокиран сум. Навистина морам да кажам, не мислев дека тоа ќе ни се случи во Магдебург, морам да кажам дека всушност бев толку наивен. Не сфатив дека нивото на закана беше очигледно толку високо. Сега Јас сум исто така на мислење дека ова треба да го оцените политички и дека треба да ја проверите фактичката состојба овде тоа беше незамисливо дека ова ќе се случи овде во Магдебург“. – истакна Тобијас Рауш, сведок и политичар од Алтернатива за Германија .

Жителите оддаваат почит на загинатите оставајки цвекиња и палејки свеки на местото на нападот.  Германскиот канцелар Олаф Шолц и други политичари исто така го посетија местото на нападот.

Германската фудбалска лига побара од клубовите да одржат едноминутно молчење пред почетокот на натпреварите во знак на почит кон жртвите.

Последен ваков инцидент во Германија се случи во Берлин во 2016 година, кога радикален исламист влета во толпа луѓе со камион, пришто усмрти 13 луѓе, а повреди 67.

Марија Коцева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Европа да се обедини, реформите се тешки, уставните измени главен услов – пораки од еврокомесарката Кос

Дејан Дејан

Министерство за енергетика: Не се изгубени средства од Реформската агенда, обврските ќе се исполнат до јуни 2026 година

Дејан Дејан

Запленети 100 килограми марихуана во Струмица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе