Вести Македонија Најважни

Скопје, најзагадениот европски град утрово обвиен во магла

И покрај предупредувањата на здравствените власти и експертите за штетите по здравјето на граѓаните од енормното загадување, надлежните се уште без препораки и мерки за справување со аерозагадувањето низ градовите во земјава.

Проблемите со градскиот превоз изминатиот период дополнително ја влошија состојбата бидејќи граѓаните се свртиа повеќе кон своите автомобили. Медицинските лица советуваат доколку немате вистинска потреба, не излегувајте надвор, особено хронично болните и бремените жени.

Пораките се поголем дел од времето да се поминува во затворени простории особено онаму каде што има прочистувачи на воздух. Скопје и денеска во топ 10 рекордерите по загадување. Утрово котира на осмата позиција со алармантен индекс на загадување 178.

Kонцентрацијата на штетните ПМ2,5 честички утрово изнесува 95 микрограми на метар кубен високо над горната дозволена граница утврдена од светската здравствена организација. На листата најзагадени градови во светот тој е во друштво со Индија, Пакистан, Гана, Афганистан, Ирак и е единствен европски град.

По општини утрово најзагадено е во скопската населба Лисиче, потоа следуваат Центар, Карпош, Ректорат, Ѓорче Петров, Гази Баба. Од другите градови во земјава по енормна загаденост се издвојуваат Тетово со индекс на загадување од 153, Гостивар со 124 и Куманово каде индексот на загадување изнесува 135.

Скопје денеска во топ 10 најзагадени градови во светот

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе