Првиот ден од зимата носи заладување и врнежи од дожд и снег. Ќе биде претежно облачно, врнежите наместа пообилни (над 30 л/м²), а на планините и на повисоките места од снег, особено претпладне. Ќе дува засилен северен ветер (над 65 км/час) и врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. На планините снежната покривка позначително ќе се зголеми, а помала снежна покривка се очекува и во некои од пониските места. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат.
Во Скопје претежно облачно со врнежи од дожд, а во повисоките делови од котлината со дожд и снег. Попладне врнежите ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 1 до 6°C, а максималната од 2 до 8°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-4 Берово, -3 Скопје-Петровец, -2 Скопје-Зајчев Рид, Тетово, Битола, Струмица, Демир Капија, Куманово, Лазарополе, Велес, -1 Претор, Крива Паланка, Штип, Кавадарци, Попова Шапка, 0 Прилеп, Гевгелија, 1 Маврови Анови, Охрид, Виница, 2 Крушево 4 Дебар.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
33 Попова Шапка, 24 Маврови Анови.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 8.2, Преспанско Езеро 6.0, Дојранско Езеро 9.0.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/