Лидерите на Европската Унија и на Западен Балкан се собираат во Брисел на самит на кој ќе се разговара за приближувањето на земјите кон Унијата.
Според ДПА, Самитот ќе биде искористен за продлабочување на меѓусебните врски во услови на борба за влијание во регионот во услови на руската агресија врз украина и зголемените гео-политички амбиции на кина, кои дадоа нов поттик на процесот на проширување на ЕУ.
Македонска делегација ја предводи премиерот Христијан Мицкоски, а во Брисел се и министрите за надворешни и за европски прашања, Тимчо Муцунски и Орхан Муртезани.
Според најавите, не би требало да се разговара за билатерални прашања, но тие се дел од завршната нацрт-декларација, која вчера ја објави МИА, каде се спомнува договорот со Бугарија.