Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп од Мар-а-Лаго, Флорида, порача дека има намера да се поврзе со рускиот претседател Владимир Путин за да започне разговори со цел да се стави крај на војната во Украина.
Трамп истакна дека и украинскиот претседател Володимир Зеленски треба да биде подготвен за потпишување мировен договор. Тој додаде дека бројот на жртви од двете страни е многу поголем отколку што се прикажува во јавноста, напоменувајќи дека насилството е на такво ниво што, како што изјави, „никој досега не видел“.
Според Трамп, војната носи огромни човечки жртви, бидејќи „единственото нешто што може да го запре куршумот е тело“, а бројот на загинати војници од двете страни е „астрономски“.