Вести Македонија Топ вести

Факултетот за безбедност го избра за асистент, директорот на АНБ Бојан Христовски и покрај истрагата за неговите сертификати и дипломи

На синоќешна онлајн седница на Наставно научниот Совет на Факултетот за безбедност за асистент е избран Бојан Христовски, директорот на АНБ.

Христовски е под истрага на Обвинителството и за него има отворена постапка во Антикорупциската комисија по претставки и пријави за сомнителен ТОЕФЛ сертификат, сомнителна факултетска диплома и други неисполнети услови за директорската позиција во тајната служба.

Деканот на Факултетот за безбедност Јонче Ивановски за Телма потврди дека изборот на Христовски за асистент е потврден на вечерната онлајн седница на Наставно научниот Совет на факултетот. Тој е избран за асистент по криминалистички науки. Вчера напладне пропадна првиот обид за избор на Христовски бидејќи Советот немаше кворум.

Деканот Ивановски ни рече дека изборот е направен поради роковите. Знаат за постапките за Христовски во надлежните органи, но досега ниту обвинителството ниту ДКСК не им го побарало досието на директорот на АНБ во кое е и сертификатот за англиски јазик од школото Јулија од Пловдив, кое всушност не издава такви ТОЕФЛ сертификати.

-Немаме ниту истражни надлежности и не можеме да поништиме постапка за избор врз основа на незавршени предмети во други институции, ни рече деканот на Факултетот за безбедност.

Според него, доколку Христовски сака да стане асистент на Факултетот треба да си даде оставка и да поднесе отказ во институцијата каде работи.

Доколку Христовски не даде отказ во АНБ и до крајот на годината, до кога трае финансиската согласност од Министерството за финансии за вработување на нов асистент, процедурата се поништува и тој оглас се повторува, ни тврди деканот на Факултетот за безбедност Јонче Ивановски.

Новоозбраниот асистент треба денеска да се појави пред колегите кои го избрале на факултетот и како директор на АНБ треба да говори на дебата за реформите на тајните служби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Студентите повикаа на продолжување на граѓанската непослушност и блокада во Белград

Дејан Дејан

Израел продолжува со нападите во Газа – убиени и повредени повеќе десетици Палестинци

Дејан Дејан

Две лица се повредени во сообраќајна несреќа пред Градска болница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе