Вести Временска прогноза

Променливо облачно со сонце, наутро по котлините со појава на магла – Временска прогноза за 11.12.2024

Претпладне со појава на магла и ниска облачност по котлините. Во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Во Скопје наутро со појава на магла и ниска облачност, а преку денот променливо облачно со слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе се движи во интервал од -1 до 5°C, а максималната од 6 до 13°C.

Информација од утрово:

Минимална температура (во °C)

-3 Попова Шапка, -1 Лазарополе, 1 Маврови Анови, Крушево, 2 Тетово, Битола, 3 Берово, Претор, 4 Охрид, Крива Паланка, Прилеп, 5 Гевгелија Кавадарци, Дебар, Скопје-Зајчев Рид, 6 Штип, Виница, Велес, 7 Демир Капија, Струмица.

Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)

28 Струмица, 10 Гевгелија, 8 Берово, 7 Штип, 6 Кавадарци, Виница, 5 Претор, 4 Битола, Прилеп, Дебар, 3 Попова Шапка, Лазарополе, Крива Паланка, 2 Велес, Крушево, Охрид.

Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)

47 Попова Шапка, 34 Маврови Анови, Крушево 10 Крушево.

Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)

Охридско Езеро 9.0, Преспанско Езеро 7.0, Дојранско Езеро 7.4.

Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!

e-mail: [email protected]

https://www.instagram.com/telmameteo/

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе