Вести Култура

Изложба „(Ре)откружено” во Музејот на Крива Паланка

Во Локалната установа Градски музеј Крива Паланка е отворена изложбата „(Ре)откружено” на која се претставени дела на уметниците: Марина Цветановска Мартиновска, Александар Симоновиќ, Мирослава Цветковиќ и Марија Мицова Гацова.

Драгана Спасковска, историчарка на уметност од НУ Музеј Куманово, вели дека „(Ре)откружено“ е третиот заеднички ликовен циклус на овие визуелни уметници, кои со своите размисли и идеи за поимот на „откруженото“ и „реоткруженото“, ги транспонираат во самостојни и групни ликовни композиции.

„Притоа, кругот е доминантната, носечка и едниствена изразна форма. Главниот концепт на овој проект е обединувањето, „вкружувањето“, можноста за вмрежување на нови автори со иста или слична фреквенција, како еден вид метафора која говори за „продолжување на низата“, непрекинливоста, бесконечноста. Овие поими се инкорпорирани во симболиката на кругот, бидејќи како што вечноста нема почеток и крај, така нема ни кругот“, додава Спасковска.

Проектот е отпочнат во 2022 година со изложбата „О(т)кружено“, што понатаму се развива во изложбата „Ре(откружено)“ , а во најновата, збогатен е со нови ликовни  решенија.

Организатор на изложбата е ЛУ Градски музеј Крива Паланка, а се реализира во рамките на манифестацијата „Крива Паланка – Град на културара 2024“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Децата мора да се охрабруваат да говорат за булингот“ пораки од работилница во Гази Баба на општествено одговорната кампања „Крени Глас“ на Макпетрол

Дејан Дејан

Во болницата во Кочани стои нова хипербарна комора без специјалист да ја стави во функција велат од “SupportКоcani“

Дејан Дејан

Пет барања испрати семејството на Фросина од протестот по пресудата од 12 години за Васил Јованов

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе