Пратеникот Павле Арсовски од ЗНАМ потврди дека нивен активист е дел од Граѓанскиот совет за надзор на прислушувањето, но негира дека е член туку вели е само поддржувач на движењето.
Станува збор за Благоја Стојановски, кој е поранешен пратеник од СДСМ и машински инжинер со проекти за корозија на цевководи.
Ова е прво јавно признание и потврда дека наместо експерти и граѓански сектор, во Советот за граѓански надзор се поставени партиски луѓе. Арсов, кој е пензиониран генерал на АРМ, во Вин-Вин на Телма сепак смета дека треба да им се даде шанса.