Вести Македонија

Почна со редење на куќарки и на украси на Плоштадот- град Скопје се подготвува за Нова Година

Камиончиња од јавните претпријатија Комунална хигиена, Улици и патишта и Водовод и канализација носат новогодишни куќарки на плоштадот Македонија, а Градот Скопје почна со украсување

Куќарките се поставуваат на плочникот околу пропадната фонтана, која е заградена со црвени ленти. Во нив ќе се организира Новогодишниот базар.

Минатата година, Арсовска го накити градот без тендер и никогаш не кажа кој украсуваше. Рече само дека се потрошени 30.000 евра, но не даваше одговор на кого се исплатени парите и врз основа на каков договор. За овој случај во Град Скопје влезе Финансиската полицијата и оформи предмет.

Граѓаните се надеваат дека оваа година градот ќе биде подобро украсен и ќе ја развесели атмосферата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе