Вести Македонија Топ вести

Сите кукаат, никој не ја пријавува – таа е насекаде, го јаде здравството, образованието и иднината на младите

Корупцијата го разјаде секој сегмент во општеството, го уништи здравството, образованието, младите заминаа, возрасните ќе немаат ниту пензија, вели битолчанецот Борче Буџаковски, економист во пензија кој денска напладне дојде на плоштадот „Магнолија“ во Битола на настанот „Антикорупциски караван“.

„Апелирам до властите да формираат биро за пријавување на корупцијата, каде некој ќе преземе мерки. Јас имаам две деца, а внуците ми зборуваат на три јазици – бугарски, македонски и англиски, на старост станав полиглот. Децата заминаа, не се веќе во државата“, вели Борче Буџаковски, пензионер од Битола.

Корупцијата за граѓаните е проблем број 1, покажа истражувањето на невладината Центар за граѓански комуникации (ЦГК). Од таму велат добро е што граѓаните ја препознаваат, но токму пријавувањето на корупцијата е сериозен проблем, поради што е потребна поголема заштита на укажувачите.

„Укажувачите или свиркачите, не се доволно заштитени и не завршуваат најдобро кога ќе пријават корупција. Обесхрабрува друг да го направи тоа. Иако има канали за пријавување има ризк затоа што имаме примери кога тие свиркачи завршиле лошо“, вели Герман Филков, од ЦГК.

Додека јавноста чека конкретни резултати, нема одговор каде затајува системот за борба против корупцијата. Надлежните велат успехот зависи од соработката меѓу институциите.

„Борбата против корупцијата не зависи само од една институција, тоа е систем на повеќе институции. Максимално се вложуваат напори за постапување по сите овие предмети и процесуирање доколку има наводи за сторено кривично дело“, вели Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК.

Настанот се организира во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата“, финансирана од УСАИД, која ја спроведува македонскиот Центар за меѓународна соработка во партнерство со неколку невладини организации и Стопанската комора.

Емилија Мисирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе