Вести Култура

Дијалог на традицијата и модерното – музичко патување низ звуците на Анадолија и џезот

„Виорот на Анадолија“ е своевидна музичка авантура и патување кое низ џез интерпретациите ќе ги оживее спомените за доајените Зеки Мурен и Ашик Вејсел кои оставија свој белег во музичката историја на Турција, велат истакнатите турски уметници Мареечи Асу и Анил Шалиел кој во четврток на сцената на Националната опера и балет (НОБ) ќе го одржат својот заеднички концерт во организација на Турскиот културен центар „Јунус Емре“ од Скопје. Со овој концерт воедно започнува и нивната балканска турнеја.

„Исто така ќе има и поезија од Јунус Емре и Мевљана и ова не е само една музичка претстава, туку театрална презентација. Исто така дојдовме со екипа од Турција, со многу добри изведувачи и верувам дека секој кој ќе го види концертот ќе биде воодушевен“, изјави музичарот Анил Шалиел.

Во музичката дејност на Шалиел се вбројуваат бројни настапи со истакнати поп ѕвезди и џез уметници. Својот сон да ги комбинира најдобрите аспекти на турската музика и џезот го реализираше со проектот насловен „166 дена“. И токму музиката која ја изведуваме ги обединува во себе нашето минато и нашата сегашност, велат Шалиел и Асу.

„Во музичкиот свет започнав со суфи музика и потоа работевме на тоа како да се направи на модерен начин оваа музика, потоа  ја споив суфи музиката со рок музиката. Дури потоа со Анил со кого се познаваме долги години и соработуваме (тој свири џез) и турската музика ја споивме со џезот. На многуте состаноци разговаравме за тоа како традиционалната стара турска музика да ја направиме во модерна верзија“, изјави музичарот Мареечи Асу.

Дијалог во кој нема да бидат заборавени нуту корените, ниту она што ја навестува современоста, вели Мареечи Асу во чија музичка дејност ќе останат забележани бројни албуми на мистична музика.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе