Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева си даде неотповиклива оставка.
Дамева, својата оставка ја објави на прес конференција во Советот каде ќе ги образложи причините за оставката.
Дамева беше избрана за претседател на Судскиот Совет на 5-ти декември 2022-ра година. Мандатот претседателот на Советот трае две години.
Но, со мандатот на Дамева не течеше се мазно бидејќи лани во април, во незаконска постапка беше разрешена. Управниот суд утврди дека таа била разрешена незаконски и беше вратена на фунцкијата на 3-ти јануари, со што имаше деветмесечна дупка во мандатот.
Дамева рече дека поднесува оставка само од претседателската функција и останува член на Судскиот совет.