Вести Култура Свет

По пет години обновена катедралата Нотр Дам во Париз

Францускиот претседател Емануел Макрон ја посети обновената внатрешност на катедралата Нотр Дам. Двочасовната турнеја на Макрон беше емитувана во живо на телевизија, давајќи ѝ на јавноста увид на реновирана црква која сега ја краси кремаста камена плоча и живописнит бои – резултат од петгодишната жестока реконструктивна работа.

Придружуван од занаетчии, архитекти, бизнис лидери и донатори, Макрон им оддаде почит на изработката и посветеноста на сите оние кои работеа да ја вратат Нотр Дам во живот.

Повторното отворање на готското ремек-дело од 12 век ќе биде на седми декември каде Макрон ќе се обрати и ќе присуствува на осветувањето на новиот олтар.

Администрацијата на Макрон ја поздравува реконструкцијата како симбол на националното единство и француската способност.

На 15 април 2019, луѓето низ цел свет гледаа во шок како огнот излегува од катедралата, при што уништи најголем дел од дрвено-металниот покрив и урна една кула. Точната причина за пожарот никогаш не се утврди, но истражителите веруваат дека избувнал случајно, од фрлена цигара или од електричен спој.

Макрон истата вечер вети дека црквата ќе биде целосно обновена за пет години, што беше овозможено од милиони евра во донации и од стотиците вешти мајстори кои користеа стари техники на работа. Се проценува дека вкупната цена на обновата е околу 700 милиони евра.

Пред пожарот, околу 12 милиони луѓе годишно ја посетуваа катедралата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе