Вести Свет

Франција не сака да каже дали би го уапсила Путин

Франција одби да се изјасни дали би го уапсила рускиот претседател Владимир Путин по издавањето на потерницата од страна на Меѓународниот кривичен суд. Молкот доаѓа откако и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, доби потерница за воени злосторства.

Францускиот портпарол за надворешни работи, Кристоф Лемоан, изјави дека Франција ја има истата правна позиција за апсење на Путин и Нетанјаху, и дека сите кои извршиле злосторства мора да сносат одговорност за нивните дела.

Сепак, тој нагласи дека прашањето на имунитетот, што е врежано во основачкиот статут на МКС, е „комплексно“, бидејќи земјите понекогаш имаат различни ставови за ова прашање.

Иако Франција е потписничка на статутот на МКС, што ја обврзува да го имплементира неговиот закон, според Лемоан, позицијата за прашањето на имунитетот зависи од земјите-членки и понекогаш може да биде предмет на различни интерпретации.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гала концерт „Од MOБ за Скопје“ на плоштадот „Мајка Тереза“

Дејан Дејан

Родителите на жртвите од „Пулс“ во понеделник ќе чекаат одговори од надлежните за нивните барања

Дејан Дејан

Семејствата на жртвите од „Пулс“ не веруваат на институциите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе