Вести Свет

Германија ќе депортира мигранти во Хрватска

Германските власти планираат да го зголемат бројот на депортации на мигранти во други земји членки на Европската унија, со фокус на Хрватска.

Според регулативата Даблин III, која ги уредува депортациите внатре во ЕУ, земјата во која мигрантот првично влегол на територијата на Унијата е одговорна за неговото азилно барање.

Оваа регулатива предвидува дека Германија ќе депортира околу 16.000 мигранти во Хрватска.

Првите депортации веќе се реализирани, како што беше случај со група мигранти на лет од Минхен до Загреб, меѓу кои и лица од Сирија, Авганистан, Турција, Јордан и Иран.

Исто така, и неколку државјани на Македонија биле депортирани поради нерегулиран престој во Германија.

Во меѓувреме, Италија се противи на прифаќањето на депортирани мигранти, на што ќе се спротивставува сè додека новиот пакт за миграција и азил на ЕУ не стапи на сила во 2026 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе