Вести Култура

Започна четвртиот Меѓународен форум на креативни индустрии

Во организација на Унијата на македонски професионални асоцијации во креативните индустрии денеска започна четвртиот Меѓународен форум… Над 30 водечки регионални и европски експерти ќе дискутираат во Скопје за улогата на иновациите и креативноста во економскиот раст…  Ќе бидат загатнати нови начини за брендирање на културта, градење на нашиот идентитет, подобрување на образованието за креативни кариери и унапредување на условите за работа во секторот… Во истовреме во организација на УМПАКИ И БАЛКАН СИНЕМА СИТИС се одржува и дводневниот Саем на креативни индустрии во едукативниот културен центар Лабораториум…

Најнови бизнис модели за креативните индустрии, начинот на кој самите универзитети можат да придонесат за истите, важноста на авторските права, креативните центри во регионот, мапирање на креативците и важноста да се има национална стратегија се само дел од темите кои беа загатнати на четвртиот Меѓународен форум на креативни индустрии. За секоја стратегија треба да имаме податоци, смета Ѓозев.

-Мапирањето во креативните индустрии не е направено многу години. Последниот пат со помош на Британскиот совет во 2012 и од тогаш до сега се променети многу нешта. Неколку години имавме Корона. Потребно е мислам дека и самото Министерство за култура и туризам размислува на таа тема. Ние како УМПАКИ стоиме на располагање заеднички да го водиме тој процес, вели Кирил Ѓозев, претседател на УМПАКИ.

-Мислам дека стратегијата е исклучително важна, затоа што на крајот на краиштата станува збор за сектор кој е многу креативен и може многу да направи, но понекогаш и кревок сектор. Многу често на тие мали компании им е потребна помош за да се развијат. Затоа е потребна стратегија која ќе знае каков е тој сектор, кои се предностите, а кои слабостите, рече Артур Ле Гал, директор на КЕА Брисел.

Важно е да се има јасна слика кои се водечките сектори во самата креативна индустрија, на кои им е потребна поголема поддршка и каков вид на поддршка, вели Илиќ која ја предводи Националната платформа „Србија создава“.

Ние пред седум години најпрво седнавме и ги мапиравме креативните индустрии, затоа што претходно беа некако „расфрлани“, неповрзани. Мапирајќи ги практично ги измеривме економски. Всушност, направивме сериозна анализа на економските ефекти на креативните индустрии во Србија. Да видиме колкаво е нивното влијание врз економијата на нашата земја, на развојот и вработувањето, кои се тие луѓе кои се вработуваат и со таква статистика можевме да осмислиме и акционен план и стратегија како да пристапиме, вели Ана Илиќ, директорка на „Ложионица“ и на националната платформа „Србија создава“.

Во организација на УМПАКИ И БАЛКАН СИНЕМА СИТИС се одржува и дводневниот Саем на креативни индустрии во едукативниот културен центар Лабораториум.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНМ: Апелите од Министерството за здравство се на граница на цензура

Дејан Дејан

Нетанјаху замина да разговара со Трамп за прекин на огнот во Газа

Дејан Дејан

Полска воведува гранични контроли со Германија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе