Утрото ќе биде ведро и многу студено, преку денот сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од северозападен правец.
Во Скопје наутро студено, а преку денот претежно сончево со мала локална облачност и ќе биде претежно тивко.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -11 до -3°C, а максималната од 3 до 12°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-8 Попова Шапка, -5 Маврови Анови, -3 Крушево, -1 Крива Паланка, 0 Виница, Куманово, Прилеп, Тетово, Скопје-Зајчев Рид, 1 Претор, Штип,Струмица, Битола, 2 Скопје-Петровец, Велес, Кавадарци, 3 Демир Капија, 5 Гевгелија, Охрид.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 7 часот (во л/м²)
50 Маврови Анови, 21 Попова Шапка, 17 Крива Паланка, 16 Пожаране, 12 Пожар-Радовиш, Берово, 11 Куманово, 10 Скопје – Петровец, Виница, Охрид, 9 Крушево, Битола, Велес, 8 Штип, Скопје – Зајчев Рид, 7 Претор, Струмица, Тетово, Демир Капија, 6 Гевгелија, Кавадарци, 4 Прилеп, Тополчани.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 11.0, Преспанско Езеро 10.0, Дојранско Езеро 9.5.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/