Вести Економија Македонија

Висока задолженост и јавен долг од 62,7% од БДП на крајот на 2024 – во последните нецели две децении растел за 7% годишно

Висината на јавниот долг до крајот на годината ќе биде 62,7% од БДП. Ова го покажале пресметките на Министерството за финансии.

Крајната цифра сепак зависи од тоа колку останатите институции и акционерски друштва ќе повлечат од веќе договорени кредити, вели министерката Гордана Димитриеска–Кочоска.

На прашање – што ќе преземе Министерството за финансии околу висината на јавниот долг, Димитриеска-Кочоска рече дека веќе се работи на тоа да се види колкави се обврските од сите институции. Тоа ќе го покаже ревизијата.

Јас како министер за финансии формирав неколку вонредни ревизии во одредени институции коишто треба да ми потврдат како внатрешна ревизија дека навистина обврските коишто ги пријавуваат се такви затоа што тие не соодветствуваат со коментарите коишто ги даваат вработените таму. Ревизорите ќе го констатираат тоа и врз основа на тоа ќе видиме колкави се обврските. Во однос на тоа колкав ќе биде јавниот долг, последните пресметки со оглед на тоа дека имаше корекција на БДП за 2023, велат дека на крајот на 2024 година, јавниот долг ќе биде 62,7%, кажа Гордана Димитриеска-Кочоска, министерка за финансии.

Пресметките на институтот за економски истражувања „Finance Think“ покажуваат други бројки. Јавниот долг забележува брза акумулација, вели извршната директорка Благица Петрески.

Finance Think заедно со државниот Фискален совет ги презентираше наодите од студијата за ефикасноста на фискалнитеп правила во Македонија, за периодот од 2008 до 2024 година.

Јавниот долг забележува брза акумулација во овој период, во просек 7% и веќе од 2023 година го надминува тоа фискално правило за 60%. Согласно очекувањата за доспеани и неизмирени обврски, оваа година можеме да надминеме и јавен долг од 70%. Во поглед на буџетскиот дефицит како процент од БДП, таргетот е 3%. Ние сепак идентификувавме дека во половина од овој период буџетскиот дефицит бил над тој праг, кажа Благица Петрески, извршна директорка на „Finance Think“.

Според Петрески, клучна препорака е кога економијата е во подем државата да штеди повеќе, за кога ќе оди лошо да се троши од таа заштеда.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопје за мене е емотивна територија, тука имам многу пријатели, полиција да ме бара, знам каде би се сокрил – Бреговиќ во интервју за Телма

Дејан Дејан

Струмичкиот театар се градеше, речиси, 12 години, а треба да се реконструира пред да почне со работа

Дејан Дејан

Реновирано одделението за систематски прегледи во ИЈЗ, втора смена за микробиолошки анализи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе