Вести Македонија Топ вести

Бирото за јавни набавки за поништениот тендер на ЈСП за нафта: Неприфатлива понуда и непримерени клевети од типот „кадарот на шефот на ВМРО во Бирото“

Од Бирото за јавни набавки преку известување информираат дека постапката за набавка на еуродизел за ЈСП и автобусите кои развезуваат над сто илјади луѓе дневно не била прифатлива што било утврдено со управна контрола која била покрената во согласност со законските одредби.

-Постапката за јавна набавка на  Еуродизел, објавена  од страна на договорниот орган ЈСП беше предмет на управна контрола во Бирото за јавни набавки по сила на закон. Имено, сите постапки за јавни набавки на стоки и услуги со вредност над 500.000 евра, се предмет на управна контрола согласно со членот 172 став 3 од Законот за јавни набавки, без оглед на тоа кој договорен орган ги спроведува“, наведуваат од Бирото.

„Во однос на конкретната постапка, управната контрола најде дека договорниот орган ЈСП избрал неприфатлива понуда за најповолна. Оваа понуда, која била и единствена поднесена понуда во постапката, не исполнува услов кој самиот ЈСП го навел во точка 1.4.8 од тендерската документација. Тоа всушност е наведено и во самиот извештај од спроведена постапка на комисијата за јавна набавка во ЈСП“, соопштуваат од Бирото за јавни набавки.

Од БЈН велат дека „управната контрола, имајќи го тоа предвид, дала јасни инструкции што треба да преземе ЈСП во записникот од спроведена управна контрола.“

„Имено, со оглед на тоа што ЈСП направил избор на неприфатлива понуда, а други понуди немало во постапката, дала инструкции комисијата за јавна набавка да ја стави вон сила донесената одлука за избор и да донесе одлука за поништување на постапката. Таквите инструкции се согласно член 177 став 3 од законот. Напоменуваме дека ЈСП не ја искористил ниту можноста да ги оспори инструкциите на Бирото преку механизмите што му стојат на располагање во законот, од едноставна причина што станува збор за правилно утврдена фактичка состојба од страна на Бирото и исход на постапката кој не може да биде поинаков, а да биде согласно со законот“, соопштуваат од Бирото за јавни набавки.

Од Бирото велат дека наводите во соопштенијата на Град Скопје за директорката Богева се непрофесионални и клеветнички

„Ставовите искажани во денешното соопштение од Градот Скопје со кои се прави обид фокусот од лошо спроведената постапка да се прекрие со клевети од типот „кадарот на шефот на ВМРО во Бирото за јавни набавки“ во целост ги отфрламе како непримерни и непрофесионални. Бирото за јавни набавки постапува професионално, без оглед на дневните политички препукувања, а наместо да шири политикантство, Градот Скопје навремено треба да реагира и да ги искористи законските можности кои му стојат на располагање да се задоволат итните потреби за гориво до завршување на редовната постапка. За секој проблем има решение, само што Градот треба да има волја и знаење да го најде, наместо да бара дежурни виновници кај другите за проблемите кои самиот ги создава“, наведуваат од Бирото за јавни набавки за нивните инструкции да се поништи постапката за набавка на нафта за автобусите на ЈСП, поради што цело Скопје се соочи со проблеми при транспортот и извршување на редовните обврски и потреби.

Бирото за јавни набавки ја прекинало постапката за набавка на нафта за ЈСП, распишан е нов тендер

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и многу топло, попладне изолирана нестабилност – Временска прогноза за 7.6.2025

Дејан Дејан

Македонскиот фолклор инспирација за дуо „BudaPesme“ од Будимпешта

Дејан Дејан

„Макпетрол“ организира „Крени глас“ работилници за родителите од Охрид и Струга

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе