Вести Свет Топ вести

Вразуми го Путин – Макрон со апел до Џинпинг на самитот Г20 во Рио де Жанеиро

Францускиот претседател Емануел Макрон ја осуди руската „ескалација“ во војната во Украина, повикувајќи го неговиот руски колега Владимир Путин „да се вразуми“.

„Навистина сакам да ја повикам Русија да се вразуми. Таа има одговорност како постојана членка на Советот за безбедност на ОН“, изјави Макрон, вчера, по самитот на лидерите на Г20 во Рио де Жанеиро.

Макрон оцени дека Русија денес станува сила на „глобална дестабилизација“ и додаде дека го повикал својот кинески колега Си Џинпинг да влијае на Путин.

Рускиот претседател вчера го потпиша декретот на нуклеарната доктрина, според која конвенционален напад врз Русија од која било земја поддржана од нуклеарна сила ќе се смета за заеднички напад на таа земја и таа сила врз неговата земја.

Путин потпиша декрет со кој се одобрува новата политика на одвраќање на 1.000-от ден од почетокот на руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Рашче под притисок, дивите приклучоци го уништуваат капацитетот

Дејан Дејан

Разговори за можно примирје во Појасот Газа во Белата куќа- Нетанјаху на вечера кај Трамп

Дејан Дејан

Продолжуваат спасувачките напори во Тексас – над 100 загинати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе