Вести Свет Топ вести

Руските сили бележат брз напредок на фронтот во Украина

Руската војска забрзано напредува на фронтот во Украина, годинава со значителни територијални поместувања. Според податоците на Институтот за воени студии, Русија веќе освоила околу 2.700 квадратни километри оваа година, што е речиси шест пати повеќе споредено со напредокот во 2023 година.

Руските сили напредуваат кон клучните логистички центри во источниот Донбас, особено во областите Купјанск и Курaхова. Истовремено, украинската инвазија во регионот Курск, која започна во август, сега заостанува.

Иако во почетокот постигна успех, Украина сега таму ги губи освоените територии, со тоа што Русија вратила околу 600 квадратни километри од почетно освоената област. Оваа операција, која требаше да ги одвлече руските сили од истокот, се смета за „стратешка катастрофа“ за Украина, бидејќи значајни украински единици се заглавени во регионот, наместо да го заштитат источниот фронт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху за Палестинците во Газа – може да останат а може и да си одат

Дејан Дејан

Телма во Чучер Сандево: со пожарникарите и жителите кои ги бранат куќите и манастирите од пожарот

Дејан Дејан

Топлото време е подеднакво опасно и за младите и за повозрасните,

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе