Американската амбасада во Киев е привремено затворена поради „конкретни информации за потенцијален значителен воздушен напад“ во текот на денот, соопшти Стејт департментот.
„Од внимателност, амбасадата ќе биде затворена, а на вработените во неа им е наложено да се засолнат на сигурно. Амбасадата на САД во Киев им препорачува на американските граѓани да бидат подготвени веднаш да се засолнат во случај на воздушна опасност“, се наведува во соопштението, пренесува „Скај њуз“.
Агенцијата Укринформ известува дека во Киев на сила се сирени за воздушна опасност и оти во главниот град се слушаат експлозии. Украинската војска ги предупреди граѓани за дронови над Киев за што се активирани системите за ПВО.